Тело на мртва жена најдено во куфер во Лондон


Тело на мртва жена е најдено во една шума во реонот на Мил Хил, во населбата Хедон во северозападен Лондон.

kuferiВо соопштението на лондонската Метрополитен полиција се вели дека куферот со трупот во него е откриен вчера доцна попладне.

Засега не се знае која е убиената, ниту нејзината точна возраст, освен дека станува збор за жена во „помлади години“.

Полицијата смртта на жената ја третира како убиство и започна истрага.

Во полициското соопштение нема детали за тоа во каква состојба се наоѓа трупот, освен што се посочува дека куферот е откриен случајно, покрај патеката во шумата, што се наоѓа покрај еден терен на кои спортуваат жителите од оваа лондонска населба.

Никој засега не е посочен како осомничен, ниту пак кој било е приведен и сослушуван.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1