Уапсен масовен убиец на жени


Тела на три неидентификувани жени биле пронајдени во куќа на периферијата на американскиот град Кливленд, а полицијата уапси едно лице за кое постојат сомнежи дека ги извршило убиствата

Шефот на полицијата во Кливленд, Ралф Спотс изјави дека постои сомнеж дека би можело да има уште една или две жртви на масовниот убиец.

Уапсениот е 35-годишниот Мајкл Медисон, кој претходно веќе е осудуван поради обиди за силување во 2001 година и се наоѓа на листата на сексуални злоставувачи. Тој денеска првпат ќе биде изведен пред суд.

Сите жртви се Афроамериканки и се претпоставува дека се убиени во последните десетина дена. Првото тело е откриено откако од една напуштена куќа почнала да се чувствува многу непријатна миризба.

Телото било завиткано во пластична кеса за отпадоци и се наоѓало во гаража. Полицијата подоцна пронашла уште две тела, едното во подрумот, а другото во дворот на куќата.

Соседите на Медисон изјавиле дека тој бил забележан како им приоѓа на жени на улица и се обидува да воспостави контакт со нив, но се уште не е познато дали на тој начин дошол до своите жртви.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1