Секој петти заболен од рак на белите дробови е непушач


Ракот на белите дробови сè почесто се јавува заради генетски фактори, но и заради загаденоста на воздухот, а 20 проценти од пациентите со дијагноза, никогаш не биле пушачи.

pusenjeСмртоносниот рак на белите дробови сè поретко се смета за болест на пушачите, а бројот на луѓето кои заболуваат од него, од непознати причини расте, покажало истражувањето на Институтот за рак во Лондон.
Според него, околу 20 проценти од пациентите со рак на белите дробови не биле пушачи, ниту биле изложени на пасивно пушење.

„Додека бројот на пушачи се намалува и нивната стапка на заболени од рак на белите дробови останува стабилна, онаа кај непушачите расте“, вели водителот на студијата, доктор Харпал Кумар.

Додава дека можни предизвикувачи на ракот кај непушачите е генетиката, сè поголемата загаденост на воздухот и изложеноста на азбест, како и дека пред десет години секој осми заболен бил непушач.

По повод резултатите од истражувањето, британската влада одлучила да ја финансира со 16 милиони евра студијата која ќе ги следи генетските промени кои предизвикуваат растење на туморот и кои ги прави отпорни на лекување. Научниците се надеваат дека ќе дојдат до нови откритија и нови поефикасни терапии.

Искрено се надеваме дека борбата со ракот во иднина конечно ќе се искачи на едно повисоко ниво и оваа болест ќе биде ставена под контрола.

Сарма.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1