Не пиел, не пушел, доживеал срцев удар, паднал во кома и се разбудил: Голманот Ѓукановиќ со порака за фановите


Поранешниот српски репрезентативен голман, Славиша Ѓукановиќ доживеал срцев удар на тренингот на неговиот актуелен клуб, францускиот прволигаш Аикс.

Голманот кој има полни 38 години бил итно префрлен во болница во Марсеј, а докторите потврдиле дека бил во сериозна ситуација и дека паднал во кома. Сепак, благодарение на физичката спремност на голманот и итната интервенција на докторите, после три дена Ѓукановиќ се разбудил од кома. Тој за да ги израдува своите фанови и поддржувачи се сликаше насмеан во болница. Со оглед дека има 38 години тој дефинитивно заврши со својата кариера.

Ѓукановиќ бранеше за Србија на ЕП во Полска, а во последните десетина години од својата кариера настапува во Франција каде го носеше и дресот на Ница, Бордо и Сен Рафаел.


Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1