Nestle ќе мора да пише на етикетите ако производите се ГМО – одлучил шпанскиот суд


Уште една голема победа е прогласена во битката против модифицираната храна ГМО, овој пат во Бразил, каде што судот наложил на мулти милијардерската компанија „Nestle“, да ги наведе на етикетите на своите производи, сите состојки, доколку е надминато нивото на генетски материјали од 1%.

nestle-sign-480x360Можеби дури и пошокантен е фактот дека судот откри голема вмешаност меѓу бразилската влада и лоби групата на главната прехрамбена индустрија, во обид да ја спречат ваката пресуда. Ова и не зачудува толку многу со оглед на тоа што „Monsanto“ има масивно влијание на политичката моќ.
Документите од Викиликс откриваат колку „Monsanto“ тесно работи со владата на САД и колку САД сериозно работи за обезбедување на GMO културата како акционерско друштво кое е прифатено во целиот свет.
Неверојатно, бразилскиот суд зеде став против оваа корупција. Судот откри дека бразилската влада работи илегално со прехрамбената индустрија, позната и како ABIA.

Судот исто така пресуди дека конзументите имаат право да знаат што внесуваат во организмот, особено кога станува збор за GMO состојките. Судот пресуди парична казна од 2478 долари по производ, кој го прекршува количеството и присуство на GMO состојките во Nestle „Bono“ колачите од јагода.

И други земји презеле слични акции против „Monsanto“ и GMO како целина. Полска ја забрани GMО пченката, Перу воведе 10 годишна забрана на GMO во целина, во согласност со бразилскиот закон кој јасно наведува дека сите производи кои содржат повеќе од 1% од GMO состојки, мора да бидат јасно означени на етикетите.

Бразилската влада пак се обиде да се бори против GMO етикетирањето. Судот го принуди Nestle да ги означи генетските модифицирани состојки, наведувајќи го процентот на модификација. Забраната бара информации на етикетата дека треба да содржи графички знак, со мали букви во еден триаголник со жолта позадина.
За обвинителите недостатокот од вакви информации е во спротивност со законот на потрошувачите.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1