Никој не знае каде е телото на Праљак: Генералот тајно го враќаат во Хрватска, не сака ни гроб ни погреб


Бурата околу самоубиството на генералот Слободан Праљак во Хаг сѐ уште не е стивната, а останува мистеријата и кога неговото тело повторно ќе биде вратено во Хрватска.

Хрватска телевизија соопштила дека телото може прво да биде вратено во болница во која Праљак починал, но не е потврдено.

-Занеме дека Праљак изрази желба неговиот погреб да биде интимен. Еден од можните сценарија е, почитувајќи ја неговата волја, Слободан тајно да биде донесен во Хрватска. Хрватската амбасада веќе два дена не дава информации за овој случај – јавил од Хаг репортер на ХРТ.

„Не сакам ни гроб ни погреб, а мојата пепел истурете ја во Мирогој“ – напишал во прошталното писмо генералот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1