Новак Ѓоковиќ бесен на светските медиуми: Упати апел до сите да и помогнат на Србија


Ова е една од најлошите поплави некогаш видени, многу градови се евакуирани, половина земја може да остане без струја. Тоа мора да му се покаже на светот, изјави Новак.

novak-djokovic-tuzan-povreda-1365409274-293163Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ги критикуваше BBC, CNN и останатите светски медиуми бидејќи, како што кажа, не известуваат за поплавите во Србија и Босна.

„Во Србија поплавата е од библиски размери. Затоа имам потреба да укажам на тоа во секоја можна прилика бидејќи главните светски медиуми како CNN и BBC не известуваат доволно за тоа што се случува во Србија и Босна. Ова е една од најлошите поплави некогаш видени, многу градови се евакуирани и се под вода, половина од земјата нема да има струја. Тоа мора да го знае светот. Ни треба помош.“ изјави српскиот тенисер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1