НОВИ ДЕТАЛИ: Андреа не скокнала намерно во смртта- некој ја турнал


Романката Андреа Кристеа (29), која на 22-ри март паднала од мостот Вестминстер за време на терористичкиот напад во Лондон, не успеала да се избори со тешките повреди.Таа после 15 дена борба за живот била исклучена од апаратите кои ја одржувале во живот, бидејќи нејзините органи почнале да откажуваат.andreja-temza

Долго време се водеше расправа дали Андреа намерно скокнала од мостот бегајќи од лудиот терорист Калид Масуд, дали ја исфрлил автомобилот преку оградата на мостот или некој ја турнал.

После деталната истрага била утврдена вистинската причина за нејзиниот пад.

-Андреа дефинитивно не скокнала своеволно во реката, туку некој ја турнал во Темза-, тврди детективот Џон Кросли.

Докторите соопштиле дека девојката починала затоа што и` откажале органите, поради тешките повреди на главата и последиците од падот во ледената водa.

Андреа тој кобен мартовски ден отишла во Лондон на романтична прослава на 33-от роденден на нејзиното момче. За жал, никогаш не отишле на таа вечера. Во нив налетал Масуд и Андреа загинала, а нејзиниот свршеник се здобил со скршеници на нозете.

Тој пред неколку дена бил отпуштен од болница. Скршен од болка поради смртта на неговата девојка, тој во количка отишол до Вестминстерскиот мост каде што положил бела ружа.

Во терористичкиот напад во Лондон загинаа пет, а беа ранети 35 лица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1