Нови детали за тројното убиство: Тони пукал во Снежана преку затворена врата


Четириесетгодишниот Тони С. од Кавадарци, во неделата околу 16:00 часот, со по еден истрел од пиштол ги уби мајката, таткото и помалата сестра на неговата бивша сопруга Данче, со која судски се развел само два дена претходно.

toni

Настанот се случил во семејната куќа на починатите Илија (61), Билјана (54) и Жане (33) Леови. Тони, кој е поранешен член на единицата “Лавови”, по извршувањето на грозоморното дело се упатил во непознат правец и сe уште се трага по него, пишува Вест.

Кавадарци е во шок од трагедијата која му се случи на семејството Леови. Велат дека Илија, познат по прекарот Били, кој работел како графички дизајнер, и неговата сопруга Билјана, вработена како дактилографка во Судот во Кавадарци, биле мирни луѓе. Нивната ќерка Жане која, исто така, била застрелана, се свршила пред неколку недели и кога се случила трагедијата случајно дошла во домот на родителите на гости.

Таа била единствената што не починала на самото место туку кратко откако била пренесена во Болницата во Кавадарци. Од наши извори дознаваме дека Тони првин пукал во неговиот поранешен дедо, кој се наоѓал на вториот кат од куќата, и го усмртил со еден истрел во градите. Билјана и Жане биле убиени на првиот кат, а во Жане пукал преку затворена врата, и ја погодил…

Повеќе прочитајте во утрешното печатено издание на Вест…

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1