Нутриционистката која тврдеше дека веганството лекува рак – почина од карцином


Почина веганката Мари Лопез, која стана популарна по Јутјуб каналот за здрав начин на живот, што го водеше со нејзината внука Лиз Џонсон.

Лопез, која во своите емисии тврдеше дека веганството може да излекува од рак, почина по медицински третман за карцином на дојката. Според нејзината внука причина за неуспешното лекување е тоа што во болницата ја хранеле со месо.

– Тој начин на исхрана во комбинација со подготовка на храната во микробранова печка се причина за нејзината смрт, потенцира Џонсон.

Лопез меѓудругото практикувала и строги детоксикациски диети како 90-дневно чистење со сокови од лимон и ѓумбир.

По смртта на Лопез, нејзината внука ја укина можноста да се коментира на каналот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1