Облачен ден со повремен дожд


Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено претпладнето. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 8 Целзиусови степени, а дневната од 6 до 10 степени.oblaci mk 3

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

В четврток и в петок ќе има пообилни врнежи на повеќе места, а локално ќе бидат и со пороен карактер проследени со грмежи. Во овие два дена се очекува наместа да наврнат и над 30 литри на квадратен метар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1