Обновено: Исчезнатиот авион паднал во близина на велешкото село Ветерско (ВИДЕО)


Телевизија Нова неофицијално дознава дека авионот кој исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром се урнал во атарот на велешкото село Ветерско, на околу 5 км од Катланово. Екипите за брза помош веќе се на теренот.Мештаните за ТВ Нова велат дека се гледале оган и густ чад.aerodrom magla

Претходно од МВР за Телевизија Нова потврдија дека има авион кој исчезнал од радарот на скопскиот аеродром.

Неофицијално станува збор за авион марка „Пајпер“ со германски национални ознаки кој полетал од Тревизо – Италија и во него имало 6 патници. Авионот бил уредно пријавен за дополнување гориво на Скопскиот аеродром.

Сигналот од радарот се изгубил во 17:35 часот на локација од аеродром “Александар Велики“ 10 км во правец кон Велес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1