Операција на векот: Русин се согласи да му се пресече главата за да ја закачат кон друго тело


Парализиран руски програмер ќе биде првиот човек, чија глава ќе биде сошиена кон туѓо тело. Оваа одлука е донесена од италијанскиот неврохирург Серџио Канаверал.

Станува збор за Валериј Спиридонов, на 30 години, кој најверојатно има малку време за живот поради прогресијата на болеста. Спиридонов вели пред англискиот весник дека се плаши од смртта, но според него нема многу варијанти и затоа прифатил да се проба.rusin glava

“Ако операцијата е неуспешна, нема да дознаам ништо”, вели тој.

Изборот на рускиот програмер не е случаен. Според Серџио Канаверал, постојат многу кои сакаат да се подложат на трансплантацијата на глава на страно тело, но треба да се обиде прво со човек кој нема шанси да живее долго, каков што е и случајот со Спиридонов. Операцијата за трансплантацијата ќе е долга – околу 36 часа и ќе чини 7,5 милиони фунти, или околу 11 милиони долари.

За успехот на операцијата е важно да се обезбеди истовремено одвојување на главата од телото на Валериј Спиридонов и од донаторот, како што се претпоставува дека тогаш пациентот ќе отстои најмалку 4 недели во кома. Тоа време е потребно за да се користат имунодепресанти кои спречуваат отфрлањето на ткивата. Самата операција е закажана за 2016 година, а детали за неа најверојатно ќе научиме на претстојните лето конференција на неврохирурзи во Анаполис, САД.

Многу познати имиња во оваа област на медицината се скептични за можностите за успех на таква операција. Нема доказ за тоа дека соединувањето на ‘рбетниот и главниот мозок ќе доведе до враќање на моторната функција на организмот, смета Ричард Боргенс, директор на центар за лекување на парализа во американски универзитет. Првите обиди за калемење на глава се извршени со животни уште во 1954 година кога советскиот хирург Владимир Демихов накалеми глави на неколку кучиња. Во 1970 година во САД е пресадена втора глава на мајмун, но овие обиди завршија со смрт на животните по неколку дена.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1