Откажана средбата на ЕУ со невладините, „Шарената револуција“ не сака да седне на маса со ГДОМ


Делегацијата на ЕУ го откажа денешниот консултативниот состанок на граѓанските организации и движења и претставниците на амбасадите на државите-членки на ЕУ во Македонија по притисокот од организациите кои не се согласија да седнат на иста маса со ГДОМ, соопштија денеска граѓанските организации.protesti ustaven

„Во име на организациите и движењата кои стојат зад ова обраќање ве информираме дека донесовме одлука да не учествуваме на консултациите со амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав и со амбасадорите на државите-членки на ЕУ во Македонија, на кои се поканети и претставници на таканареченото движење ГДОМ кои отворено шират омраза и поттикнуваат насилство“, стои во соопштението.

Од делегацијата на Европската унија соопштија дека средбата ја откажуваат поради безбедносни причини.

„Вратите на ЕУ остануваат отворени за граѓанскиот сектор, некои ја прифатија нашата покана некои не, но за жал средбата сме принудени да ја откажеме од безбедносни причини“, соопштија од Делегацијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1