Ова е напаѓачот од Вашингтон кој уби 13 лица


Бројот на убиени во тешкиот вооружен напад што изутринава се случи во зградата на Командата на американската воена морнарица се накачи на 13 лица, сметајќи го и напаѓачот.

Точниот број на лица кои се ранети во нападот, и подоцнежната престрелка на напаѓачот со полицијата, се уште не е познат, јавува дописникот на МИА од Вашингтон.

aron

Полицијата воедно го идентификува напаѓачот. По првичната грешка, во која објави погрешно име, овојпат таа информира дека напаѓачот е 34-годишниот Ерин Алексис од Форт Ворт, во Тексас, кој неодамна почнал да работи како цивилен соработник на воената морнарица. Погрешната идентификација се случи поради тоа што напаѓачот користел туѓ документ за да влезе во кругот на Нејви Јард – седиштето на воената морнарица.

Објектот, според лица вработени таму, бил заштитен со ѕид, додека на влезовите имало контрола која од лицата со соодветна идентификација понекогаш барала, а не понекогаш не да го отворат багажникот на автомобилот. Се претпоставува дека Алексис влегол криејќи пушка, пиштол и сачмарка во автомобилот, и откако бил внатре, го започнал нападот. Алексис се искачил на четвртиот кат во зградата, и стрелал врз луѓето собрани во отворената кафетерија на приземјето, каде имало најголема концентрација на вработени.

vas-puk-mor-05

Специјална полициска единица обучена за справување со активен вооружен напаѓач дошла во Нејви Јард во рок од само седум минути и возвратила на неговиот напад. Се уште нема информации дали напаѓачот бил застрелан или се самоубил.

Потврдено е дека неколку полицајци биле повредени во престрелката.

Полицијата се уште официјално трага по две лица за кои има сомнение дека учествувале во нападот, но полициското раководство потенцира дека веста за дополнителни напаѓачи е заснована врз изјави на очевидци и не се сигурни дека тие се поврзани со Алексис.

-Имаме уште едно масовно пукање, денес во воена постројка во главниот град на нашата држава, во кое цел беа нашите воени и цивилни членови на одбраната.

vas-puk-mor-02

Луѓе кои одат на работа да не заштитат сите нас, се патриоти и ги знаат опасностите од служењето во странство, но денес се соочија со незамислено насилство кое не очекуваат да им се случи тука, дома. Ќе се погрижиме тој што го изврши овој кукавички чин да биде одговорен за тоа. Ќе стоиме со семејствата на тие што беа ранети, на кои ќе им биде потребна наша љубов и поддршка. Ќе го истражиме овој случај како и многуте други вакви престрелки кои за жал се случија, и ќе направиме се што можеме за да ги спречиме во иднина, изјави претседателот Барак Обама.

Претседателот се соочи со критики поради тоа што не го откажа претходно најавениот настан во Белата куќа, во кој оддржа говор за економската ситуција.

Полицијата евакуираше стотици вработени во комплексот згради во кои е седиштето на воената морнарица, вклучувајќи го и адмиралот Џонатан Гринерт, командант на морнаричките операции, кој бил во комплексот. Дел од вработените беа евакуирани со автобуси, па дури и полициски хеликоптери.

Вкупно десет училишта и неколку канцелариски згради беа затворени во текот на нападот. Летовите од аеродромот Роналд Реган повторно се одвиваат нормално, откако накусо беа запрени за време на нападот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1