Ова се најбруталните одмазди на сите времиња


Одмазда за Кејт

Кејти Колман имала само десет години кога исчезнала. Полицијата и семејството трагале по неа пет дена, но безуспешно. Таа била пронајдена мртва во поток, а за нејзиното убиство бил обвинет и осуден Ентони Реј Стоклмен.odmazda

Семејството се помирило со загубата на саканата ќеркичка но правдата, барем делумно, била вратена. Наводно, братучедот на Кејт – Џаред Харис поради грабеж се нашол во истиот затвор на убиецот на девојчето.

Го сретнал убиецот и му понудил две опции – да одбере дали да го прободе со нож и да го остави да искрвари до смрт или да му дозволи да истетовира “Одмазда за Кејт” на челото.

Убиецот сакал да живее па ја одбрал втората опција.

Чекал дванаесет години за да се одмазди

Алам Кан имал 12 години кога тогашниот семеен пријател му го убил таткото. Наредните дванаесет години чекал за својата одмазда. Еден ден му отишол во посета на убиецот, го напил и ја појачал музиката за да не се слушаат криците. Го убил најпрво прободувајќи го, а го докрајчил со чекан и пила – го исекол телото на дванаесет парчиња – по едно за секоја година додека ја чекал одмаздата.

Ми го силуваше детето, сега јас ќе те силувам тебе

Осумгодишно момче од Азербејџан беше жртва на маж кој го намалил во своето комбе и го силувал. Кога таткото на момчето открил, се заколнал дека ќе го одмазди својот син и одлучил да ги преземе работите во свои раце.

Тој собрал екипа, стигнал до потребните информации и го нашол силувачот – кого на крај го силувале.

Двобој помеѓу шериф и мафијаш

Пред околу педесет години, шерифот Пусер од Тенеси се обидел да спречи грабеж. Дошло до пукање, а разбојникот всушност бил разбојничка – и тоа не било каква. Станува збор за жената на главниот локален мафијаш Вајт кој ја чекал својата одмазда.

Година дена покасно, Вајт се јавил во полиција и излажал дека има конфликт помеѓу двајца пијаници во бар – а случајот го земал токму Пусер и на терен ја понел и својата жена Паулин со него, мислејќи дека не е ништо страшно. Нив ги дочекал бран од куршуми, а Паулин не преживеала.

Откако закрепнал, Пусер добил листа на имињата на сите кои учествувале во нападот, па Вајт бил пронајден мртов една година подоцна со куршум во главата.

Ловец на љубовници

Кинеска детективка, Терминатор и Убиец на љубовници се само неколку од прекарите со кои се здобила Зганг Јуфен, жената која со години се занимавала со детективска работа.

Таа всушност го посветила животот помагајќи им на изневерените жени, на кои им нудела и одмазда. Со оваа работа започнала да се занимава поведена од лично искуство – нејзиниот сопруг ја изневерил. По неколку години конечно успеала да собере докази за аферата, се развела и ги добила парите кои и’ припаѓале.

На жените им наплаќала минимално, само колку да ги покрие трошоците кои ги има додека бара докази.

Tocka.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1