Ова се најзагадените овошје и зеленчук кои ги купуваме


Веќе 9 години по ред агенцијата „Environmental Working Group (EWG)“ го објавува нивниот список со „Нечиста храна“. А јаболкото се најде на врвот на оваа листа како најзагадено овошје со пестициди.

zelencuk pazarРангирани се 46 различни природни плодови кои кога би биле органиски одгледувани ќе бидат многу здрави за нас. Според официјалните резултати од испитувањат, 67% од плодовите и откако добро ќе се измијат пестицидите остануваат во нив.

Органски одгледуваните плодови се добар начин да се избегнат токсичните хемикалии кои ги содржат сите наводум здрави прозиводи. Нутриционистите секогаш препорачуваат балансирана исхрана со многу овошје и зеленчук, но кога внесуваме овошје и зеленчук внесуваме и токсини во организмот.

Пестицидите се поврзуваат со голем број на здравствени проблеми, особено со проблеми кај децата. Тие се канцерогени но и ги пореметуваат хормоните во телото, според Агенцијата за заштита на околината на САД. Меѓутоа стравот од пестицидите секако дека не е причина да се избегнуваат овшјата и зеленчукот, но се советува да се купуваат органски производите кои имаат тенка кора, како јаболката.

Еве кои се најзагадените природни производи:

Јаболко
Јагоди
Грозје
Праски
Спанаќ
Пиперки
Голи праски
Краставици
Компири
Домати
Фиферонки
Целер

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1