ПАНИКА НА ПЛАЖАТА: Снимки од нападот во Тунис (ВИДЕО/ФОТО)


Според аматерска видео-снимка, чија автентичност сè уште не е утврдена, може да се види дека плажата е преполна, а луѓето како вкочанети во првите мигови не знаат што да прават Во шок и неверување се туристите кои безгрижно се одмораа на плажата а потоа настанува општа паника во која секој се обидува да се спаси како што знае и умее.

Како што јавија повеќе светски агенции, терористите на плажата пристигнале со глисер, од каде брзо се симнале, по што го почнале својот крвав повод низ плажата во Сус и низ блиските хотели.

Eдниот од двајцата терористи кои денес убија 37 невини луѓе, а ранија уште 36, на плажа во Тунис, бил снимени со камера како со автоматска пушка АК-47 ,,Калашников“ во раката,  шетал по улиците на Сус, популарен туристички град, по нападот на плажата.terorist snimki

Се верува дека убиецот е 23-годишниот Сејфедин Јакуби, студент по авијација во тунискиот град Каироуан.

Насилствата се случуваат само неколку дена по објавувањето на повикот на Исламска држава до своите следбеници „да го направат Рамадан месец на масакри“ и да застанат против „неверниците“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1