Петмина загинати и 40 повредени во нападот во Лондон


Пет лица загинаа во вчерашниот напад во Лондон на мостот Вестминистер во реонот на парламентот. Меѓу нив има еден полицаец, тројца цивили и напаѓачот кој беше ликвидиран во близина на парламентот. Тоа го соопшти Марк Роули, командант на единицата за борба со тероризам во Скотланд јард.london-1-640x294

Тој додаде дека според новите податоци, во нападот повредени се 40 луѓе.

– Нема да давам коментари за идентитетот на напаѓачот. Но, ние даваме приоритет на верзијата дека тој можно е да бил инспириран од исламистички тероризам, изјави Роули.

Маж облечен во црно вчера удри со автомобил во цивили на мостот Вестминстер во Лондон. Потоа се упати кон парламентот на Британија при што повреди полицаец пред да биде ликвидиран. Заради нападот британските парламентарци останаа со часови блокирани во парламентот.

Британската полиција соопшти дека во следните денови по улиците на британските градови ќе бидат распоредени дополнителен број вооружени полицајци.

Британската премиерка Тереза Меј го осуди нападот оквалификувајќи го како „болен и изопачен“ додавајќи дека изборот на локацијата за напад не е случаен.

– Терористите намерно избраа да удрат во срцето на нашата престолнина каде има луѓе од сите националности, вери и култури кои доаѓаат да слават слобода демократија и други вредности, рече таа.

– Секаков обид да се поразат тие вредности со насилство е осуден на пропаст, нагласи Меј.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1