Плаштаницата од охридската „Света Софија“ не се распаѓа 700 години


Овој артефакт, заедно со митрата на охридските архиепископи и 63 други драгоцени икони, триптиси, крстови, ракописи…се богатство што бугарската војска го зела од македонските цркви во текот на Првата светска војна

plast sv sofija

За митрата на охридските архиепископи долго време воопшто не знаевме дека е од чисто злато и драгоцени камења, а плаштаницата од охридската „Света Софија“ веќе е феномен бидејќи нејзиното платно не се распаднало цели седум века. Текстилот обично целосно се распаѓа по 150 години, но ова реликвија од почетокот на 14 век остана речиси цела.

Беше потребно да се изврши одредена реконструкција, но во најголем дел таа е сочувана.

Митрата на охридските архиепископи има централно место во изложбената сала и посетителите најмногу ја обиколуваат. Вредноста ~ била откриена сосема случајно – прво се мислело дека е само позлатена и со обични стакленца за да потоа, по носењето низ Софија во обична чанта од една музејска службеничка, упатен експерт открие дека во неа има 1,5 килограм чисто злато и 369 драгоцени камења. Процена е дека овој подарок од Венеција даден со цел да се добијат сојузници во војната со Турција, сега вреди околу 40 милиони долари.

Во нејзина близина е црвена плаштаница која седум века му одолева на забот на времето на кој била изложена при богослужбите во охридските цркви „Света Софија“ и „Света Богородица Перивлепта“ цели 600 години. Руски и швајцарски експерти ја поправале шест години но се гледа дека најголем дел е оригинално платно, додека само мали парчиња ново црвено платно се пришиени. Убаво се гледа сцената на починатиот Исус Христос над кого се двајца ангели, а во три ќошиња ликовите на тројца евангелисти – Матеј, Јован и Лука, додека платното пропаднало и е заменето само на местото каде бил евангелисти Марко. Особено убава е и плаштаницата со ликот на Богородица, собрана исто од охридската „Света Софија“, друга со мотивот на причестувањето на апостолите, со распетие на Исус

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1