ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ Ѝ ОСТАВИ БОГАТСТВО: Погледнете во каков луксуз ќе живее Људмила Путин (ФОТО)


Владимир Путин (60) и неговата сопруга Људмила (55) објавија дека се разведуваат во јуни 2013 година, и тоа само неколку недели откако прославиле 30-годишнина од бракот во кој добиле две ќерки. Оттогаш ништо не се знаеше за животот на поранешната прва дама на Русија, се` до неодамна.putin ljudmila

Рускиот претседател и поранешната стјуардеса тогаш дале заедничка изјава пред камерите и соопштиле дека ќе останат пријатели.

Владимир и Људмила се запознале во Санкт Петербург и се венчале во 1983 година, а во 1985 година се преселила во Источна Германија, придружувајќи му се на Путин кој работел за КГБ. Кога на 3 октомври 1990 Германија повторно се обединила, брачниот пар Путин се вратил во Ленинград, а главата на куќата го започнал својот политички пат кој ќе го доведе до најмоќната личност во земјата и еден од најмоќните луѓе во светот.BD2FSJQ5Ff-otkrieno-e-kade-isceznala-poranesnata-zena-na-putin-taa-se-omazila-za-20-godini-pomlad-maz-eve-kade-ziveat

Меѓутоа, Људмила во времето на неговиот вртоглав подем се` помалку се појавувала во јавноста, се` додека во 2013 година не објавиле дека се разведуваат. Во пресрет на нивниот развод медиумите пишуваа дека Људмила со години била несреќна во бракот со Путин и дека била „жена која сакала, но не била сакана“. Оттогаш малку се знае за поранешната прва дама, како и за приватниот живот на рускиот претседател.

После речиси четири години се појавија првите вести за Људмила кои ја шокираа јавноста. Имено, таа минатата година се омажила за 21 години помладиот Артур Очеретни (37) и дури го зела неговото презиме. Како што јавуваат руските медиуми, таа повеќе од една година пред бракот била во врска со младиот бизнисмен, иако наводно се познавале речиси 10 години.

Људмила и Артур живеат во луксузна вила на југозападот од Франција чија вредност се проценува на повеќе од 7 милиони долари. Вилата е во сопственост на поранешната жена на Путин и била купена шест месеци после нивниот развод и моментално се реновира, пишува News.com.au.vila ljudmil putin

Артур Очеретни моментално е на чело на Центарот за развој на интерперсонална комуникација, која е еден од проектите на поранешната сопруга на Путин. Инаку, тој бил роден и пораснал во Лјубертси. Во 2004 година започнал свој бизнис и ја отворил фирмата „ЕкспоДом“ која се занимавала со продажба на риби и морски плодови.

Меѓутоа, Очеретни брзо ја напуштил оваа работа и отворил агенција која организира настани за „Гаспром“, „Обединета Русија“, а често и за клиенти на Владата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1