Потврдени 7 терористички напади, над 150 мртви, полициски час во Париз


Полицијата официјално потврди дека во Париз вечерва се случиле седум терористички напади, и дека два биле самоубиствени, а еден бомбашки. Освен неколкуте одделни престрелки, полицијата потврди и експлозија во близина на стадионот Стат де Франс, како и сега завршената заложничка криза во концертната сала Батаклан.

pariz pukanje 3

Асошиејтед прес повикувајќи се на полициски извори јави дека во концертната сала во Париз напаѓачите убиле најмалку 100 луѓе.

Луѓето евакуирани од салата сега се носат во болница. И сведоците и полицајците го опишуваат местото како „вистински масакр“, а насекаде има мртви тела.

Преживеаните од салата ги раскажуваат ужасите низ кои поминале за време на заложничката криза. „Крв имаше насекаде, мртви тела насекаде“, рекол еден од нив. „Слушнавме експлозија, но мислевме дека сето тоа е дел од шоуто. Потоа почна пукањето. Имаше многу повредени, насекаде имаше крв. Насекаде“, рекла една девојка. Трет сведок рекол: „Беше страшно, толку многу мртви тела, не можам ни да зборувам за тоа.“

Париските таксисти бесплатно ги возат своите сограѓани на безбедни места, а жителите на центарот ги отвораат своите домови како засолништа за оние што бегаат од ужасот.

Франција ги затвори границите и прогласи вонредна состојба. Само на улиците на Париз се распоредени 1.500 припадници на војската, во полна борбена опрема.

Исламистите на социјалните мрежи отворија хаштаг Париз во пламен и ги слават нападите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1