ПОВЕЌЕ ОД 90 БОМБАШИ ЧЕКААТ НАРЕДБА: Брисел е само почеток, цела Европа ќе биде под напад!


Француската полиција, во лов на џихадисти во својата земја, од ден во ден објавува нови информации од својот интерен извештај, во кој вид имале новинари на Њујорк Тајмс.

Според податоците во извештајот, сигурно е дека терористите напредуваат во техниката на шифрирање и изработка на експлозивни направи со цел остварување на своите ‘цели’.isis teroristi

Понатаму во извештајот се наведува дека во овој момент во Европа има 90 бомбаши самоубијци кои се подготвени за напади во најголемите европски градови.

Во споменатиот извештај се наведуваат плановите на терористите кои вклучуваат и ангажирање на фалсификатори на документи и шверц на експерти за експлозиви од Сирија во Европа.

„Бомбите што тие ги користат е многу лесно да се направат. Траги од истиот експлозив се пронајдени на секое место што е нападнато во Париз. Користен е експлозив од типот ТАТР што е можно да се направи со материјали во домаќинствата – ацетон или избелувач. Кога тие ќе се помешаат стануваат многу нестабилни. Оној што се занимава со тоа, многу добро знае што работи”, се вели во извештајот.

Понатаму се додава дека и слабата контрола на границите е причина заради која терористите слободно се шетаат низ Европа, а во нивна полза е и непостоењето на квалитетна комуникација меѓу земјите членки.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1