Претпладне пеколни горештини – попладне дожд


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со темератури до 34 целузиусови степени.

toploten branПопладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата со локален дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Ќе дува умерен, кон крајот на денот во западните делови и засилен ветер од западен и југозападен правец.

Во Скопје претпладне сончево и топло, а попладне со развој на нестабилна облачност и со краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 32 степени.Индексот на УВ-зрачењето ќе изнесува 8.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1