Прислушуваните новинари најавуваат тужби


Сашка Цветковска, Борјан Јовановски, Катерина Блажевска, Јадранка Костова, Оливера Трајковска, Мухамед Зеќири, се само дел од 100-те прислушувани новинари.

Прислушуваните новинари велат дека ќе бараат одговорност и од мобилните оператори бидејќи се сомневаат дека и тие се дел од злосторството.mikrofon

Во меѓувреме, на дел од новинарите Заев им ги подели досиејата на рака. Во овие досиеја, Управата за безбедност и контраразузнавање, според Заев, ги евидентирала и транскрибирала телефонските разговори од кои потоа изготвувале и извештаи за натамошни активности.

На ова попладневно реагираа од МВР. Од Министерството демантираа дека незаконски следеле новинари. Тврдат дека хартиите со кои денеска, како што велат од МВР, манипулираше четвртоосмничениот Зоран Заев се најобична лага, а не документи на Управата за безбедност и контраразузнавање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1