Пронајдено мртво момчето кое избега од болница – Семејството најавува тужби за болницата


Битолската полиција ја потврди информацијата дека 25-годишниот Тони Карачоски е пронајден мртов во близина на селото Варбино во месноста Чешмиче. Тоа е момчето кое пред десет избега од болницата за душевни болести во Демир Хисар, пренесува НОВА.

Foto - NovaTV

Foto – NovaTV

Семејството е во шок. Видно вознемирени велат дека вината ја сноси болницата од каде дозволиле пациентот да избега. Неговата тетка Валентина Митевска за НОВА вели дека од болницата им дале отпусна листа која била напишана на денот на исчезнувањето на момчето, на која нема потпис на мајката, бидејќи на Тони од пред три години му била одземена деловната способност поради неговата дијагноза.

Таа обвинува дека потрагата по момчето започнала во понеделник на 9 март, кога директорката Најдовска се вратиле од прославата за 8 март, односно три дена по неговото исчезнување.

25 годишниот Тони Корачоски од Прилеп, шест месеци бил хоспитализиран во болницата за душевни болести во Демир Хисар. Во саботата на 7 март околу 15 часот вработените во болницата забележале дека пациентот го нема, а по неколку часа била известена неговата мајка и започнала потрага по момчето, кое по смртта на неговиот татко пред три години, со нарушено психичко здравје, во неколку наврати било лекувано во оваа психијатриска установа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1