Првиот човек кој ги видел тајните записи на Тесла бил чичкото на Трамп


Тој септември 1936. година, репортерот на славниот „Асошиејтед прес“ со широко отворени очи го набљудувал откривањето на новата машина со X-зраци, за која зборувале дека генерира милиони волти.

Презентацијата ја водел човек кој 8 години подоцна ФБИ го задолжил да ги прегледа сите записи на Тесла, откако најголемиот научник на сите времиња починал во својата соба во хотелот „Њујоркер“. Тој човек бил Џон Трамп – чичко на денешниот претседателски кандидат во САД, Доналд Трамп.cicko-tramp-tesla

Трамп бил еден од најдобрите професори на познатиот MIT, каде предава инжинеринг. Репбуликанецот безброј пати во своите настапи го фалел својот чичко, роден брат на неговиот татко Фред.

– Знаете, мојот чичко е еден од најдобрите професори кои MIT некогаш ги имал. Имаше обичај да ми зборува за нуклеарна сила пред светот да дознае дека истата постои. Тој беше брилијантен – рекол Трамп на едно интервју, што за разлика од некои други работи кои ги зборувал за време на кампањата – е вистина.

Џон Трамп навистина бил брилијантен. Придонел за усовршување на рендгенските машини кои им помогнале на заболените од рак, учествувал во изработка на радар чија употреба придонела во победата на сојузниците во Втората светска војна, но секако најголемо негово достигнување во животот билот тоа што бил првиот човек во светот кој имал можност да ги прочита илјадниците записи на Тесла по неговата смрт, пишува „Њујоркер“.

ФБИ го најмило Трамп како еден од најдобрите американски научници, меѓу другото да открие дали Тесла го измислил славниот “зрак на смртта”, кои Американците многу го посакувале во својот воен арсенал.

Сепак, чичкото на Трамп ги разубедил, велејќи дека “големиот научник во своите години се занимавал исклучиво со филозофски работи и теорија, и дека веројатно намерно зад себе не оставил никаков напишан траг за такво оружје – доколку навистина го креирал”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1