Хју Хефнер е тешко болен- не се појавува ниту на забавите на „Плејбој“


Сопственикот на магазинот „Плејбој“, Хју Хефнер се соочува со сериозни здравствени проблеми, кои сака да ги сокрие од јавноста, објави таблоидот „Пејџ Сикс“.

Изданието тврди дека 90-годишниот Хефнер не дозволува никој да го посети, а оние не кои евентуално ќе им биде дозволена средба со него, мора да потпишат договор со кој се обврзуваат дека во јавноста нема да откријат никакви информации за неговата состојба.38f07c7b00000578-0-hefner_had_shared_a_picture_of_himself_dressed_in_purple_silk_pa-a-13_1475205862701

Според „Пејџ Сикс“, основачот на „Плејбој“ драстично ослабел и има само 40 килограми, па затоа подолго време и не се појавува на јавни места, а веќе извесен период не се појавува ниту на забавите на „Плејбој“.

Меѓутоа, портпаролот на Хефнер ги демантира ваквите информации, нагласувајќи дека тој „само има помали проблеми со грбот“, поради кои потешко се движи.

– Тој ужива во животот и натаму активно учествува во уредувањето на магазинот, додаде портпаролот.

„Би сакал таблоидите да ме информираа на почетокот на неделата дека сум болен за да ги откажам плановите за викенд.“

Инаку, вилата „Плејбој“ неодамна е продадена за 100 милиони долари.

Дополнителен услов е Хефнер да живее во неа до својата смрт. Купецот е син на американскиот милијардер со грчки корени Дарен Метропулос (32) кој воедно е и прв сосед на Хефнер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1