Пукал само во белци: Идентификуван напаѓачот од Далас


Мажот осомничен дека со снајпер убил пет и ранил седум полицајци во Далас, кој подоцна и самиот настрада, е идентификуван како Мајка Ксавиер Џонсон (25), објавија американски медиуми. Тој живеел во Меските во предградие на Далас.micah-johnson

– Снајперистот пукал само врз полицајци белци гневен поради убиствата врз црнци, изјави шефот на полицијата Дејвид Браун.

Според него, уште три лица се во притвор. Во нападот настрадаа петмина полицајци, додека седум полицајци и два цивила се ранети од огнено оружје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1