Решена мистеријата околу смртта на заљубениот пар: Останале без храна – па се самоубиле


Момчето и девојката кои биле пронајдени мртви во националниот парк Џошуа Три во САД, веројатно извршиле убиство и самоубиство, за да избегнат да умрат од глад, тврдат во полицијата.

Телата на 22-годишниот Џозеф Орбес и неговата девојка Ракел Нгуен биле пронајдени на 15-ти октомври во положба која личи на прегратка. Полицијата веднаш изјавила дека доказите покажуваат дека Џозеф ја убил Ракел, а потоа извршил самоубиство. Било утврдено и дека парот повеќе немал резерви на храна и вода.

Според наодите на полицијата, заљубениот пар се борел против жед и глад и ги намалувал оброците пред Џозеф да ја убие Ракел, а потоа да изврши самоубиство, како и што се договориле.

Семејството на девојката вели дека не му замерува на Џозеф за тоа што го направил.

Орбес бил вооружен, бидејќи, според зборовите на пријателите, работел како чувар.

Исчезнувањето на младиот пар било пријавено на 28-ми јули, по нивното одјавување од приватното сместување. Ренџерите од Националниот парк прво го откриле нивниот автомобил, а потоа пронашле уште некои траги на чија основа тргнале во понатамошна потрага.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1