Ричард Бренсон се сокри од Ирма во винскиот подрум


Пред налетот на опасниот ураган Ирма, спас морал да побара и познатиот британски милијардер Ричард Бренсон, кој од застрашувачката непогодба, која го затекна на неговиот приватен остров Некер, еден од Британските девствени острови, се засолнил во својот вински подрум.

Основачот на „Вирџин“ групата напиша на својот блог дека одлучил да избегне евакуација и да остане на својот остров, како што правеше три пати откако оттука минуваа урагани во изминатите 30 години, објави Ју-Ес-Еј Тудеј.

Во пресрет на налетот на Ирма Бренсон ги повикал жителите на Британските девствени острови да побараат засолниште ако е тоа можно и да направат план.

Ноќта пред ураганот да го погоди и неговиот остров, Бренсон на Твитер објави дека со својот тим преспал во две простории, додавајќи дека така не спиел откако бил дете.

Во блогот подоцна напиша дека со тимот планира од ураганот да се засолни во вински подрум.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1