Родители држеле 13 деца врзани со синџири во куќа во Калифорнија


Полицијата во Калифорнија пронашла 13 лица, на возраст од 2 до 29 години, заробени во куќа, а некои од нив биле врзани со синџири за кревет, пренесуваат американските медиуми. Поради злоставување на деца, уапсени се родителите Дејвид Ален Турпин (57) и Луиз Ана Турпин (49), пренесе БиБиСи.

Тие биле пронајдени во куќа во градот Перис, 95 километри југоисточно од Лос Анџелес, соопшти полицијата. Како што се претпоставува, се работи за браќа и сестри. Полицијата ја известила 17-годишна тинејџерка, која успеала да побегне од куќата, пренесе АП.

Полицијата наведува дека заробените биле неухранети, а меѓу нив седум лица се возрасни од 18 до 29 години. Од канцеларијата на шерифот е соопштено дека неколку деца биле врзани со синџири за кревет. Сите жртви се пренесени во болница, а истрага за причините за овој ужасен чин е во тек.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1