СДСМ бара прво формирање Влада, потоа свикување Собрание


Иванов да се вразуми и да го даде мандатот со тоа што ќе ги исполни своите уставни овластувања, бараат од опозициската СДСМ, која поднесе потписи од 67 пратеници до Претседателот, но тој одлучи да не им го даде мандатот.sdsm640nasa

„Ова претставува директно кршење на Уставот, рушење на уставниот поредок и токму заради тоа и денешната прес конференција и повикот навистина Иванов да направи се, да помогне Македонија да излезе од оваа криза. Изборот на Парламентот и сите други работи којшто претходат, сигурно дека мора да се случат меѓутоа најважно од се е Македонија да добие што е можно побрзо Влада“, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање, зошто не побараат свикување на Собранието и да се распишат локалните избори, за кои рокот истече вчера.

Тој не прецизира до кога ќе чекаат Иванов „веднаш“ да го даде мандатот, туку вели дека ќе направат сé, преку сите можни расположливи демократски и правни средства да ги остварат уставните начела и да ја формираат новата влада.

„Ние очекуваме дека кога има Иванов избор од една страна Македонија и граѓаните на Република Македонија, и од втора страна заштита на одредена политичка структура или спас од криминалот, дека сé уште има време да се предомисли и да застане на страната на граѓаните на Република Македонија, бидејќи знаете вие дека, имаше и протести претходно во Република Македонија, после една одлука за амнестија на одредени политички структури во Република Македонија“, рече Спасовски.

Појасни дека со тоа што го чекаат Иванов да се предомисли, не сакаат да ги разгорат страстите и дека преземаат сé што е во нивна можност.

„Наша цел е да се смират тензиите. Наша цел е да не продолжи конфликтната состојба и поделбата, наша цел е да не ја брануваме јавноста и да создаваме нереди кои можат да прераснат и во пошироки размери. Затоа постојано повикуваме кај граѓаните да преовлада разумот, да бидеме дел од луѓето кои ја имаат сериозната одговорност за мир и стабилност во Македонија и таа состојба на делување е најголемата порака до оние кои во овој момент креираат одредени кризи. Затоа, СДСМ прави сé и ќе прави сé и натаму да не дозволи во ниту еден момент да се случи да ескалираат состојбите, заради тоа што ескалација на состојбите најмногу му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство“, рече Спасовски.

За писмото коешто Иванов денеска го испрати до ЕУ, САД и Турција, со кое бара меѓународната заедница да ја осуди платформата потпишана од албанските партии во Македонија, Спасовски смета дека е само негово оправдување, што го прекршил Уставот со недавањето мандат на Зоран Заев.
Имајќи предвид дека претседателот и заменикот-претседател на партијата, денеска се сретнаа со амбасадори на неколку земји, до кои и е испратено писмото на Иванов, на прашањето што порачале тие, како гледаат на писмото, Спасовски рече дека главната порака е Македонија да добие Влада што е можно поскоро, заради тоа што само на таков начин може да се смират тензиите и кризата да го доживее својот крај, а Република Македонија да почне да се движи напред, да се прават реформи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1