Жените во Италија нема да работат во среда, ни домашна работа


Жените во цела Италија ќе отсуствуваат од работа во среда, на меѓународниот Ден на жената 8-ми Март, и тоа не само од работа, туку нема да работат ни домашни работи, учествувајќи во глобалниот „женски штрајк“ за поддршка на женските права.zena-cistenje-260x152

„Денот без жени“ се очекува да влијае врз јавниот транспорт, авионските летови, училиштата, но и другите индустии, откако повеќе синдикати се пријавија за учество.

Работничките и од јавниот и од приватниот сектор ќе штрајкуваат, а организаторите ги охрабруваат жените да не ги работат ни домашните работи односно, секоја продуктивна работа, за да се фрли светлина на придонесот на жените во општеството.

„Ако нашите животи не се ценат, ние ќе штрајкуваме“, велат организаторите.

„Жените, и не ссамо жените, ќе излезат на улиците да покажат дека машкото насилство против жените е структурален проблем во општеството“, објаснуваат тие.

„Опфатено е на сите локации, од дома до работното место, од болници до универзитети, од медиуми до граници, и на секоја локација ќе се бориме“, додаваат организаторите.

Штрајковите ќе бидат присутни во 40 земји низ светот, а Италијанките на улица ќе ги „изнесе“ Организацијата за женски права ‘Non una di meno’.

Организаторите објавија листа од осум клучни точки, од домашно насилство со обезбедување автономија на жените врз нивното тело.

Манифестот се фокусира и на инклузија на трансактивистки и на „обоените“ жени во феминистички здруженија, како и кампања за слобода на движење и право на азил.

Сепак, од Non una di meno велат дека некои жени пријавиле дека нивните работодавци им давале лажни информации за нивните права на штрајк.

„Во некои случаи се соочуваат со уцени, а на некои им се закануваат“, велат организаторите кои побарале синдикатите да се осигураат дека работничките се запознати со нивните права на протест, без оглед на нивната професија и без разлика дали се членки или не на некој синдикат.

Покрај ова, во Италија ќе се одржат и други протести и движења на жените. Затоа, од Trenitalia, главната железница на Италија, соопштија дека некои линии ќе бидат откажани, а кај некои се очекува доцнење, освен експресните линии чии рути се загарантирани.

Исто така, автобускиот и превозот со воз до аеродромите може да доцни или да биде откажан, а секако ќе страда и авионскиот транспорт, но велат дела летовите од 7 до 10 часот и оние од 18 до 21 часот се загарантирани.

Затоа се повикуваат соите кои планираат да патуваат во среда, најпрво да ги проверат возните редови на сите транспортни претпријатија.
Исто така, и институциите и универзитетите нема да работат со полн капацитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1