СДСМ И ВМРО – ДПМНЕ се договорија – заедно во Струга


ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се договорија. на престојните локални избори ќе настапат како коалиција. Двата политички блока ќе го поддржат др Владо Кочоски кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ, јавува ТВМ.

sdsm i dpmneСпоред телевизијата исто така настапуваат со заедничка листа на кандидати за советници. Носител на советничката листа е Ристе Ќушкоски од СДСМ, па следува Никола Затуроски од ВМРО ДПМНЕ, Николина Велкоска СДСМ, Перо Петкоски ВМРО – ДПМНЕ и така наизменично.

Мотивот на коалицирањето бил да се изнајде најдоброто решение за Струга, рече во краткиот телефонски разговор Ристе Ќушкоски носителот на зедничката листа од коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ од Струга.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1