Се буди еден од најопасните вулкани во Европа- можна е катастрофа!


Иако звучи како сценарио на холивудски филм, во прашање е вест која доаѓа од близината на Неапол, каде се наоѓа супервулканот Кампи Флегри.vulkan

Имено вулканот почна да се буди, а неговата ерупција, според научниците, би можела да предизвика катастрофа.

Италијанските и француските стручњаци од Институтот за геофизика и вулканологија во Болоња наведуваат дека вулканот покажува јасни знаци на будење.

-Ако се загреат околните хидротермални карпи, тие можат да ја изгубат својата механичка отпорност предизвикујавќи движење кон критична точка – рекол Џовани Кјодини за АФП.
Ерупцијата на овој вулкан би можела да загрози 3 милиони луѓе кои живеат во оваа област, а најмногу 500.000 жители кои живеат во непосредна близина. Пепелта која би дошла во атмосферата би можела да ја измени климата на земјата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1