Се степале полицаец и граѓани кои славеле победа за градоначалник


Повеќе лица се повредени во Свети Николе во 10 минути по полноќ кога дошло до тепачка помеѓу полицаецкој во тој период не бил на работа и група граѓани кои ја прославувале победата на кандидатот за градоначалник на Свети Николе од СДСМ.

Како што соопшти МВР, полицискиот службеник сам се пријавил во полициската станица во Свети Николе. За настанот е известено Основното јавно обвинителство Свети Николе и веднаш бил вклучен одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Повредените побарале помош во Медицинскиот центар во градот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1