Се трага по кучето кое нападна шест лица, кучето не е бездомник туку има сопственик


Од општина Аеродром информираат дека надлежните органи работат на лоцирање на кучето што нападна шест лица синоќа меѓу булеварите АСНОМ и „Јане Сандански“.„Град Скопје, со екипите на јавното претпријатие Комунална хигиена, веднаш по пријавувањето на инцидентот излегоа на терен. Според општинската евиденција, досега нема регистрирани пријави за агресивно куче со тој опис на конкретната локација. Случајот е пријавен во МВР“, наведуваат од општина Аеродром.

По нападите реагираа и од Анима Мунди, од каде велат дека станува збор за расно куче кое има свој сопственик.

„Нападите се случиле од расно куче кое е непознато на локалното население и на активистите за заштита на животните од тој реон, кое некој го пуштил и се обидуваме да го лоцираме, го бараме. Во тој дел живеат бездомни кучиња кои се сите стерилизирани, вакцинирани, обележани и за кои локалните жители и наши активисти се грижат, кои се миленици на децата кои живеат таму. Вината за овој настан е во неодговорните сопственици, во оние кои кучето го воспитале да напаѓа, а кои го пуштаат слободно да шета и на тој начин ја изложуваат јавноста на опасност. Во нив е целата одговорност и бараме итно да одговараат“, сметаат од Анима Мунди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1