Се урна зграда, пет лица загинаа меѓу кои две деца (Видео)


Пет лица загинаа меѓу кои и две деца на школска возраст, додека четири лица се повредени, а една се води како исчезната откако се урнаа два ката од станбена зграда на југозападот од Полска, соопшти властите од таа земја.tan2017-4-8_13233469_0-620x350-114257

Голем број пожарникари со кучиња ги пребаруваат урнатините во градот Свјебоѓице, а не е исклучена можноста причина за уривањето на двата ката од троспратната зграда да е предизвикано од експлозија на гас.

На местото на несреќата која се наоѓа на 420 километри југозападно од Варшава и премиерката на Полска Беата Шидло.

Гувернерот на таа област Богдан Козухович изјави дека таа зграда е изградена во периодот на Втората светска војна, неодамна е реновирана и дека била во добра техничка состојба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1