Се уште има лузни – Како дедо Љубе им зеде мерка на двајцата разбојници (Видео)


Лузните на раката од јажето со кое го врзале и трагите од крв од мачењето на лецето на дедо Љубе сведочат за крвавото разбвојништво во кратовското село Којково. Не пречека пред неговата скромна селска куќа која во средата беше мета на крадци. Со солзи во очите 73 годишниот Љубомир почна да ни раскажува за битката со разбојниците. Се пожали дека неможе да ја мрда раката, пренесува Сител.мк

-Зверски ме мачеа ме газеа, рече дедо Љубомир Митев од село Којково.

dedo ljube mk3Парите ги намамиле двајцата крадци да пешачат со километри по планината.

Разбојниците до тука стигнале со такси , потоа пеш околу 2 часа по каллив пат за да стигнат до домот на дедо Љубе и баба Царка.

Околу 21 часот дедо Љубе слушнал викање во дворот , мислел дека е некој сосед и ја отворил вратата. Маскираните насилници веднаш влегле внатре и почнале со малтретирањето. Го влечеле по земја за да им каже каде ги чува парите.  Го заплашувале со оваа пила. Мислеле дека тој е човекот кој ги продал овците.dedo ljube mk33

-Јас им кажував дека не сум тој дека овците ги продаде комшијата, рече дедо Љубе.

Во меѓувреме дедо Љубе успеал да се ослободи од јажето и незабележително отишол во подрумот каде ја чувал пушката од дедо му. Испукал по 1 куршум во крадците. Смртно го застрелал 28 годишниот Зоран, а го ранил неговиот врсник и ортак исто така од кочанско.

-Тука падна кај вратата, додаде дедо Љубе.

Потоа отишол да ја види неподвижната баба која за малку ќе се задушела бидејќи разбојниците ја покриле со ќебе. Од страв ноќта ја поминал со пушка во раката, чекајќи да дојде полиција.

dedo ljube baba mk

 

Најблискиот сосед живее на 10 минути од куќата на Митеви. Се плашел да отиде и до кај него и да му раскаже за немилиот настан. Вакво нешто прв пат се случило во селото кое се наоѓа во срцето на Осоговските планини. Мештаните кои ги сретнавме имаа само убави зборови за дедо Љубе. Често им помагал на сите кои ќе залутале по планината. Сите се шокирани од дрското разбојништво.

-Дедо Љубе е многу добар, рече Даниел Ристов.

-Вакво нешто немало до сега, рече Вите Петров од село Мушково.

На храбриот дедо според законот му се поднесени 3 кривични пријави. Судењето ќе го чека дома. Му посакавме многу среќа во судскиот процес.

Видеото погледнете го на – СИТЕЛ.МК

 

Адвокат бесплатно ќе го брани дедо Љубе

Поддршка за дедо Љубе, човекот кој ја бранеше својата хендикепирана сопруга

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1