Шаховскиот велемајстор загина поради бизарно хоби!


Шаховскиот свет е завиен во црно откако е објавена веста дека шаховскиот велемајстор, Јуриј Јелисејев (20) загина во бизарна несреќа во Москва. Неговиот колега Данил Дубов откри дека Јелисејев паднал од 12-тиот спрат откако се обидел да скокне од прозорецот на блискиот балкон.elisijeve

Меѓутоа, уште побизарна е причината на опасната игра – Јуриј не ги заборавил клучевите или нешто слично, туку бил дел од екипата која се занимава со качување по балкони, покриви, високи огради и мостови. Своите опасни авантури ги снимале и ги објавувале на социјалните мрежи. За жал, Јелисејев очигледно шахот не го исполнувал доволно со адреналин, па од хоби одел по рабовите на високите облакодери во Москва, пишува руска „Газета“.

Јелисејев станал шаховски првак уште во 2012 година, а титулата велемајстор ја заработил на 17 години. Оваа година го освоил престижниот турнир Москва Опен и се искачил на 42-то место на најдобри шахисти во Русија. На светот бил рангиран 212.

„Вечерва останав без близок пријател. Беше брилијантен играч на шах и аналитичар, еден од најперспективните играчи коишто ги познавам“, напишал Данил Дубов на Фејсбук и додал: „Се обиде од прозорецот да го дофати балконот, но ја изгуби рамнотежата и падна…“

– Уште како момче се качуваше каде што ќе стасаше. Сепак, ми се чинеше дека не одеше во екстремности. На пример, една се качи на два метри висок ѕид и потоа одеше по работ… – рекол Јановски, од шаховската репрензентација кој додал дека Јелисејев го познава со години и дека отсекогаш била чиста спротивност на своите врсници, и тоа не само поради шахот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1