Шешељ утре доаѓа во Србија – каква закана планира?


Воислав Шешељ утре треба да пристигне во Србија. Медиумите од регионот веќе претпоставија голем број на сценарија- од црни до оние кои нема да променат ништо.

Шешељ требаше да пристигне во петокот, тогаш, тврдат надлежните, се било подготвено. Но, тој рок беше презекажан за во вторник бидејќи медицинската документација се уште не била преведена на српски јазик.

Seselj

Српската Влада е подготвена, а експерти велат дека доаѓањето на Шешељ нема ниту да ги помести политичките случувања.

Ваквите ставови доаѓаат откако тој изјави дека доаѓа во Србија за да се одмазди.

„Ако дојдам во Србија нема да се занимавам со своето лекување, туку сите сили ќе ги насочам кон одмазда, изјави лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, за кого Хашкиот трибунал донесе одлука да биде пуштен на привремена слобода поради лекување“.

Белградскиот весник „Блиц“ пишува дека Шешељ ваквите закани ги изнел пред српските дипломати во Хаг, додавајќи дека нема да прифати ничии гаранции, ниту било какви условувања. Единствено за што бил заинтересиран е тоа дека Трибуналот ќе го ослободи и пушти дома.

На Воислав Шешељ му се суди за извршени злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување во Хрватска и БиХ, но и за дела извршени во Војводина во периодот од 1991 до 1993 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1