Сирија прифаќа меѓународна контрола на хемиското оружје


Сирискиот министер за надворешни работи одржa прес конференција  по средбата со Лавров во Москва.

Понуди меѓународната заедница да го преземе и контролира целото хемиско оружје на Сирија. со што потребата од воена интервенција станува безпредметна. Оваа одлука Сирија ја донесе под притисок на Русија.

sirijaПо средбата со Лавров во Москва, шефот на сириската дипломатија Валид Муалем изјави дека Сирија го поздравува ваквиот предлог и упати пофални зборови на сметка на Москва поради, како што рече, „обидите за спречување на американската агресија“ на неговата земја.

– Сирија ја поздравува ваквата руска иницијатива, мотивирана од загриженоста на раководството во Дамаск за животите на нашите граѓани и за безбедноста на нашата земја. На нашиот став влијаеше и довербата што ја имаме во мудроста на лидерите на Русија, кои се обидуваат да ја спречат американската агресија врз нашиот народ, нагласи Муалем.

Претходно денеска, слична идеја како Лавров даде и американскиот државен секретар Џон Кери, кој во Лондон рече дека сирискиот претседател Башат ел Асад би можел да ја реши кризата доколку во рок од еден недела целото свое хемиско оружје и го предаде на меѓународната заедница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1