Скопјанец се самозапалил на Исланд


Македонски државјанин на возраст околу 30 години се обидел да се самоубие вчера во бегалски камп во Рејкјавик, Исланд, јави „Албеу“island-640x456

30-годишниот Албанец од Скопје се самозапалил, бидејќи исландските власти сакале да го вратат во Македонија, откако негово барање за азил било одбиено, велат други Албанци кои се во истиот бегалски камп. Младиот човек се здобил со сериозни изгореници при обидот да се самоубие.

Според информациите од Директоратот за имиграција, ако барателот биде одбиен за азил, ризикува да биде депортиран и да добие забрана за повторен влез од најмалку две години и таа забрана важи за сите 26 европски земји од Шенген зоната, не само за Исланд.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1