Смртта на тенисерот го потресе светот: Лекарите му открија болест за која нема лек, почина за 20 дена


Поранешниот австралијански тенисер Питер Духан почина во 57. година по кусо и тешко боледување.

Духан почина само 20 дена откако му беше дијагностицирано агресивно заболување на неуроните, познато како Лу Геригова болест.

Ова заболување кое поинаку се вика амиотрофична латерална склероза има брз прогресивен тек и пациентот нема премногу шанси за да преживее.

АЛС првпат го забележал како болест францускиот неуролог Жан-Мартен Шарко уште далечната 1874 година, но терапија и денеска не постои. На фармацевските компании им е прескапо за да го развијал лекот. Единствен досега одобрен лек е Рилутек, за кој се верува дека го успорува развојот на болеста и го продолжува животот на болниот за само три месеци.

Во својата кариера Питер Духан имаше една индивидуална и пет дубл титули. Најдобриот пласман му беше 43 место во сингл и 15 во дубл.

Во тениската историја ќе остане запаметен по сензационалната победа на Вимблдон 1987 година над славниот Борис Бекер.

Тога Австралијанецот беше 70. играч во светот и го доби надимакот  “Becker Wrecker”. Славниот Германец по социјалните мрежи се прости од колегата со емотивни зборови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1