Со таблици од „застава“ возел „мерцедес“ – направил сообраќајка, си заработи кривична


СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Д.(45) од с.Јурумлери, скопско, за фалсификување на исправа и против Т.Т.(55) од истото село за помагање.REGISTarski tablicki

На 20 септември минатата година околу 16.00 часот Ј.Д. отишол во дворот на Т.Т., каде биле паркирани повеќе возила пред лимарскиот сервис. Ј.Д., откако добил дозвола од сопственикот на сервисот, Т.Т. извршил отштрафување на регистарските таблички од „застава 125П“ и ги истакнал на „мерцедес“, кој немал регистарски таблички.

После тоа со возилото се вклучил на локалниот пат Велес-Скопје при што направил сообраќајна незгода удирајќи велосипедист.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1