СОПСТВЕНИКОТ САМ ГО ЗАПАЛИЛ СТАНОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, па нападнал полицаец- заврши во Бардовци


Скопјанец си го опожарил својот стан и нападнал полициски службеници, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 10.27 часот во Единицата за информации и команда Скопје, било пријавено дека на ул. „Даме Груев“  во стан на вториот кат имало пожар. Полициски службеници излегле на местото, каде бил затекнат В.М. (39), кој го опожарил својот стан. Притоа, тој нападнал еден полициски службеник, удирајќи го со глава во пределот на главата. Кај полицискиот службеник биле констатирани телесни повреди, а В.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Душевната болница „Бардовци“.

Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат и било констатирано дека од исчадувањето од пожарот настанало оштетување кај друг стан. Исто така, од користената вода за гаснење на пожарот, настанало и оштетување кај повеќе станови. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1