Спомениците на Ќосето, на Мајка Тереза и Воинот на коњ, први на ревизија во Владата


И ,,Воинот на коњ‘‘ е предмет на ревизија на Министерството за култура. Во елаборатот според Министерот Алаѓозовски, кој не откри дали споменикот ќе се уништи или дислоцира, се наведени грешки во тендерите, прекршување на процедурите за изведба и начинот на финансирање.

-Да не најавувам помпезно дека ќе дислоцираме, дека ќе уништуваме, дека ќе отстрануваме – во оној момент кога институциите ќе бидат подготвени да одговорат на ова прашање Тогаш се разбира дека ќе ве информираме, но не би сакал да најавувам бомбастично затоа што како што реков јас еднаш Скопје 2014, е вирус кој што треба да се изолира а не треба да му се дава централно место понатаму во јавноста и медиумите, вели Роберт Алаѓозовски, Министер за култура.

Инаку денеска на одбележувањето на 73 годишнината од ослободувањето на Скопје, Градоначалникот Шилегов најави дека е можно спомениците во центарот на градот да се стопат и од материјалот да се изработат нови..

-Убава е симболиката оваа прослава да се држи покрај овој споменик подигнат во 1949 а направен од материјал на стопените споменици на поранешните владетели на градот. За да се потсетиме дека Скопје има историја за справување со симболите од своето темно минато, изјави Петре Шилегов, Градоначалник на Скопје

Според учесниците во Народноослободителната борба за ослободување на Скопје, неопходна е широка дебата за судбината на спомениците кои се под лупа на работната група формирана од Министерството за култура..

-Само со сериозна дискусија да се оцени што е што и што е продуктивно или е контрапродуктивно, вели Трајко Стаматовски, Сојуз на борци од НОБ.

Инаку досега под лупата на петтчлената комисија од култура беа споменикот на Андон Ќосето и Мајка Тереза. Во следниот период оваа работна група ќе ги анализира и порта Македонија како и музејот на ВМРО.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1