Тепачка на фудбалски меч во Куманово – полицаец пукал за да се спаси од напаѓачите


На фудбалскиот меч помеѓу кумановските тимови Башкими и Карпош се случил инцидент во кој полицаец морал да пука во воздух за да се спаси од напаѓачите.

На 27.09.2014 година околу 18,15 часот во с.Шупли Камен, кумановско бил одигран фудбалски натпревар помеѓу Башкими и Карпош и двата клуба од Куманово.stadion-500

На овој натпреваро дошло до тепачка помеѓу играчите. При интервенција на полициски службеник за воспоставување на нарушениот јавен ред и мир, истиот бил физички нападнат од неколку лица, кои го фатиле  во пределот на вратот и го влечеле за делови од униформата, нанесувајќи му телесни повреди.

Од страна на полицискиот службеник, поради заплашување во воздух испукани биле три куршуми од службениот пиштол, по што напаѓачите се разбегале. Во СВР-Куманово сам се пријавил Д.Х.(23) од Куманово, кој бил учесник во нарушувањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1