Тетките сакаат и не поставуваат правила


Тетките се најубавиот, незаменливиот подарок за секое дете, тврдат голем број на психолози. Тетките се тие кои ги разбираат сите лудости, кои ги чуваат сите тајни, кои секогаш знаат како да пружат утеха и како да измамат насмевка кај своите внуци.

„Родителската љубов е прва и незаменлива, бабите и дедовците се личностите кои најмногу ги сакаат внуците, но начинот на кој сака тетката и љубовта која таа ја добива за возврат е нешто навистина посебно“ – објаснува еден психолог.tekite

„Мајката и таткото не се секогаш нежни и полни со разбирање, бидејќи ги тераат децата да учат, да ја средат собата, да јадат спанаќ и цвекло, рано да одат на спиење… Од друга страна тетките секогаш имаат план како да го закриват планот на родителите. Тие се задолжени за разгалување (понекогаш и претерано), шегување и забавување, а никако за казни и досадни работи. Токму затоа се и најсакани.“

Психологот потоа објаснува дека тетките никогаш не знаат што е тоа строгост, а нежноста и убавите зборови се нешто со кое тие наметнуваат авторитет. Тие добиваат почитување дури и без да го повишат тонот.

Тетките секогаш ќе се спуштат на нивото на децата, ќе ги одведат кришум на сладолед, иако мама го забранила тоа, ќе им ги купат најубавите играчки, па дури и ќе ја напишат здодеваната домашна задача.

Од друга страна тетките се најгорди на своите внуци/ки, па ќе ја искористат секоја шанса да го покажат тоа.

Истражувањата дури покажале дека тетките кои немаат свои деца на моменти воопшто не гледаат на тоа како на недостаток, бидејќи нивните внуци и внуки им даваат чувство на исполнетост, што воопшто не е за чудење, имајќи предвид дека имаат некој кој го сакаат и некој кој ги сака бескрајно.

Извор: Crnobelo.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1